Холандската компанија "Дена" најави дека е заинтересирана во Велес да отвори погон за конфекциски производи и да вработи 150 лица. Претставници на фирмата предводени со генералниот директор Ралф Ван Еден го посетија Велес и остварија средба со градоначалникот Горан Петров. Тема на оваа средба беше можна идна инвестиција во областа на текстилната индустрија. Во Велес компанијата "Дена" веќе има погон за текстил со триесет вработени. Сакаме да се прошириме и да изградиме фабрика во кој работа ќе најдат околу 150 работници, пред се од Велес. На средбата градоначалникот на Велес, Горан Петров го запознал Ралф Ван Еден дека општината располага со можностите и локациите за изградба на погон во двете индустриски зони Комплекс "УЗУС" и "Речани 2". Петров ги навел потребите што ги дава Општина Велес за исполнувањето на соодветни критериуми околу формата и содржината за добивање на потребната документацијата, за добивање на локацијата за изградба на погонот
Холандската компанија "Дена" најави дека е заинтересирана во Велес да отвори погон за конфекциски производи и да вработи 150 лица.
Претставници на фирмата предводени со генералниот директор Ралф Ван Еден го посетија Велес и остварија средба со градоначалникот Горан Петров. Тема на оваа средба беше можна идна инвестиција во областа на текстилната индустрија.
- Во Велес компанијата "Дена" веќе има погон за текстил со триесет вработени. Сакаме да се прошириме и да изградиме фабрика во кој работа ќе најдат околу 150 работници, пред се од Велес - рече Ралф Ван Еден, генерален директор на компанијата "Дена".
На средбата градоначалникот на Велес, Горан Петров го запознал Ралф Ван Еден дека општината располага со можностите и локациите за изградба на погон во двете индустриски зони Комплекс "УЗУС" и "Речани 2". Петров ги навел потребите што ги дава Општина Велес за исполнувањето на соодветни критериуми околу формата и содржината за добивање на потребната документацијата, за добивање на локацијата за изградба на погонот.
- Го запознав Ван Еден за даноците и за сето она што треба како странски инвеститор тој да го направи. Му ја кажав и гаранцијата што ја дава Велес која е стабилна општина, европски ориентирана и подготвена да прифати обврски што ќе гарантираат сигурност за странскиот инвеститор - рече градоначалникот Петров.
Сопственикот на холандската компанија најави дека веќе ги има обезбедено потребните средства за изградбата на новиот погон и дека е подготвен веднаш штом ќе ја обезбеди потребната документација, да почне со негова изградба. Доколку се биде во ред, новата фабрика со работа може да почне кон крајот на оваа година.